Виктор Танасковски е роден на 9ти јуни 1992 година во Скопје. Основно училиште завршува во
ОУ „Владо Тасевски“, а средно во гимназија „Георги Димитров“. Високото образование го
продолжува на музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде
дипломира во септември 2016, отсек Џез гитара, а веднаш потоа завршува и педагошки
доквалификации на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во
Скопје.
Членува во повеќе музички состави, меѓу кои најзначајна е неговата авторска група „Minstrel’s
Gallery“, оформена во 2013та година. Првиот албум беше издаден во 2016та, а моментално
работи и на втор албум со истата група. Има настапувано на повеќе фестивали во и надвор од
Македонија, меѓу кои и Donaufest во Улм, Германија, како и самостоен настап во Сан
Себастијан, Шпанија.
Меѓу другото, има свирено и со повеќе кавер бендови, како Alcos Saloon, Yarl, Nomads, Rover’s
Hangover, а моментално најактивно настапува со составот Day Off.
Мото: Единствена музичка грешка е да не научиш ништо од сопствените грешки.