Средно музичко завршил во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Дипломирал на Факултетот за музички уметности и магистрирал на Катедрата за удирачки инструменти при ФМУ во Скопје. Постојан музички уметник на оркестарот на МОБ – Скопје и доцент на ФМУ-Скопје.Има многубројни настапи и концерти и како поединец и како член на состав, на сите значајни македонски фестивали и по балканските земји.

Освојувач е на повеќе меѓународни први, втори, трети и специјални награди.