Горјана Стојановска е родена на 11.12.1994 година во Битола, Македонија.
Средното музичко училиште во класата на д-р. Татјана Божиновска. На
Факултетот за музичка уметност во Скопје учи кај проф. Борис Романов, а
дипломира во класата на проф. д-р. Марија Ѓошевска.
Редовно освојува награди и специјални награди на државните натпревари.
Од меѓународни натпревари ги издвојувме поважните:
III награда на меѓународниот натпревар по пијано”Даворин Јенко” во 2008 година
во Белград, Србија
Меѓународен натпревар по пијано “Охридски бисери” во Охрид, Македонија –
Специјална награда 2008 , II награда 2012 и III награда 2010
Специјална награда со максимум 100 поена на меѓународниот натпревар по
пијано “Арс Косова” во 2010 година во Приштина, Косово
Специјална награда со максимум 100 поена и лауреат на меѓународниот
натпревар по камерна музика во категорија пијано-виолина во 2011 година во
Кавадарци, Македонија
До сега има одржано повеќе солистички концерти, а во 2011 и 2014 година
настапува како солист со Македонската филхармонија.
Во 2008 година зема учество на фестивалот за пијано во организација на ЕПТА.
Учествува на мастеркласи кај професори како Борис Романов, Јури Кот и Андреј
Диев.