Иван Трајковски (1994) е роден во Битола, каде основното музичко образование го
завршува во класата на проф. Људмила Божиновска и проф. д-р Татјана

Божиновска а средното музичко училиште го завршува во класата на проф.
Маргарита Татарчевска и проф. м-р Јана Четелева-Белевска. Во 2013 се
запишува на Факултетот за музичка уметност – Скопје во класата на проф. д-р
Марија Ѓошевска.
Учествува на семинари кај познати пијанисти: проф.м-р Елена Дикова – Бугарија,
prof. Јури-Кот – Украина, А.Гиндин–Русија, А.Володин- Русија, Н.Томиќ- Србија,
Х.Холтман- Германија, Љубомир Гашпарович- Хрватска.
Во текот на своето образование бил учесник на натпревари на државно и
меѓународно ниво, каде остварува високи резултати, а учествува и на значајни
концерти каде покрај соло, настапува и во камерни состави на Факултетот за
музичка уметност во Скопје.
На двапати настапува како солист со Македонската филхармонија.