Кристина Ангелова

Почетоците на музичкото образование ги има во ДМСУ „Сергеј Михајлов“ во Штип каде што има завршено нижа музичка школа – отсек пијано – во класата на професор  Јасминка Бикова, а средното музичко образование во класата на Славчо Величков.

Музичка академија има завршено во класатра на професор Стела Слејанска

Со дополнително образование се има стекнато на катедрите кај професор Диков и професорка Дикова во Бугарија и професор Лепша Пиперковска во Македонија.

Има учествувано на бројни солистички и камерни натпревари, меѓу кои на ИНТЕРФЕСТ – Битола, Република Македонија и  Петар Коњовиќ – Белград, Србија.

Има настапувано на повеќе солистички концерти како гостин – солист и во камерни состави, а како посебен настап се издвојува завршниот концерт на „Штипско лето“.

Член е на европското здружение на пиано педагози ЕПТА.