Магдалена Попoска е дипломец на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Родена е на 15 мај 1994 година во Скопје.
Основното и средното музичко образование го завршила во класата на проф.
Наташа Малиновска, а студиите кај проф. Олег Кондратенко.
Како надарен и одличен ученик го забрзува школувањето и две години ги
завршила за една.
Продолжува со своите успеси и добива награди на државни и маѓународни
натпревари.
Покрај виолина, таа учествува и на натпревари по камерна музика и солфеж.
На државните натпревари, освен за виолина, редовно освојува и награди за
солфеж и камерна музика.
Поважни награди:
Трета награда на меѓународниот натпревар „Моzartiana M“, мај 2006 год.
Втора награда на 8 Меѓународен фестивал на гудачи во Сремска Митровица,
Република Србија, мај 2010 год.
Прва награда на меѓународниот натпревар „Арс Косова“ во Приштина, јуни 2010
год.
Втора награда на 9 Меѓународен фестивал на гудачи во Сремска Митровица.
Во 2010 год. остварува два самостојни рецитали во Тетово и во Штип.
Во 2011 година настапува како солист со оркестарот на ДМБУЦ „Илија
Николовски-Луј“ во Скопје.
Учествувала на фестивалот во Бургас, Република Бугарија.
Посетувала семинари по виолина кај повеќе врвни професори, како што се: Семи
Сталхамер, Антон Сороков, Питер Шепард Скарвед, Нејџел Кларс, Јова
Јорданова и др.