Марина Чадо своето музичко образование го има започнато во Охрид. Средно музичко училиште има завршено во Скопје по што следеле многу награди на државни натпревари. Како исклучително надарена добила државна стипендија и во 1993 год. дипломира на престижниот конзерваториум „Петар Илич Чајковски“ во Москва, кај светски познатите професори Мељников  и Чугаева.

Отогаш брои низа настапи како солист и со филхармониски и камерни оркестри во Москва, во Минхен, во Белград, во Скопје, низ Македонија, Словенија, Србија,
на фестивалот „Скопско лето“, на фестивалот „Охридско лето“.
На нејзиниот репертоар се бројат дела од Бах, Бетовен и Моцарт, преку Чајковски и Брамс, Де Фаља и Дворжак, па сè до Прокофјев и Шостакович.

Неколку години свирела во Камерниот оркестар на Македонската радио-телевизија, во оркестарот при Операта на Македонскиот народен театар.
Работела како професор по виолина, а нејзините ученици освојувале државни награди.

Учествувала на повеќе семинари во регионов, предводени од врвни педагози меѓу кои Жислин, Јашвили и Чугаева.

За Македонската радио-телевизија  снимила повеќе значајни композиции.

Член е во меѓународни комисиина музички натпревари и европското здружение на гудачки педагози ЕСТА.

Автор е на наставна програма за основни музичко училиште за Република Словенија.

Водач е на камерниот состав “Skopje Ladies’ Orchestra“.

Во 2010та година станува коспоственик на училиштето „Пијанофорте“ кое тимски го раководи со Виолета Стефановска Шуковиќ.