Марко Трендафиловски
Марко Трендафиловски е дипломец на Музичката академија „Гоце Делчев“ – Штип, на отсекот по џез студии/џез тапани. Покрај редовните ангажмани поврзани со студиите, често настапува со различни изведувачи и музички групи, а основач е и на свој музички бенд со кој веќе има издадено студиски албум. Со педагошка дејност во Пијанофорте се занимава од учебната 2019/20 како наставник по тапани на учениците од поп одделот. Започнува да работи под менторство на координаторот на поп одделот проф. Љубомир Наќевски, за набргу и самостојно да почне да образува ученици и подучува програми по тапани за сите возрасни категории. Наставата ја пренесува на македонски и англиски јазик.