Наградените од Белгија, со прва награда на ОХРИД ТЕ САКАМ 2017

По успехот во Неерпелт, Белгија во мај 2017, камерниот виолински ансамбл на ПИЈАНО ФОРТЕ се врати на македонската музичка сцена. На музичкиот фестивал ОХРИД ТЕ САКАМ настапи во дисциплината Камерна музика, трета А категорија.

Во саботата, на 18 ноември 2017 виолинскиот ансамбл со својата изведба ја импресионираше жири комисијата која го оцени со 98 поени – Прва награда!

Наградата е резултат на добриот настап на групата млади виолинисти кои целата љубов кон музиката ја преточија во петнаесетминутниот настап на сцената во основното музичко училиште „Методи Патче“.

Да им посакаме понатамошни успеси на нашите млади виолинисти!

И секако, да ни останат вака васположени 🙂 ТРИ ПАТИ „УРА!“ ЗА ВИОЛИНИСТИТЕ НА ПИЈАНОФОРТЕ!!!