22.10.2017

Музичкото училиште „Пијанофорте“ за учесниците на младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“ креира работилница за запознавање со разни инструменти и со тајните на создавањето и на користењето на музиката.

Преку работилницата, за само пет дена со деца кои немале контакт со инструменти, тимот на „Пијанофорте“ состави бенд и децата подготвија перформанс.

Браво за тимот на „Пијанофорте“ и браво за Џифонците кои беа вредни и научија нешто.

Видео од настапот може да се види на Фејсбук страницата, на https://www.facebook.com/pianoforte.skopje/videos/1713560962052161/