Сандра Крагуевска

Сандра Крагуевска е родена на 6.4.1994 година во Скопје.
Основното музичко образование го започнува во Скопје, во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”,
во класата на проф. Бети Бешкова, а подоцна преминува во класата на проф. м-р Кристина
Ангеловска Крагуевска, во чија класа го завршува и средното музичко образование. Студира на
Факултетот за музичка уметност во класата на проф. м-р Катерина Костадиновска Гелебешева.
Во текот на музичкото образование посетувала настава и настапувала во склоп на
специјалната паралелка на талентирани ученици. Настапува на скоро сите концерти, јавни
часови, аудиции, предавања и семинари организирани во училиштето, на Факултетот, но и во
концертните сали при музејот на град Скопје, Даут Пашин Амам, Салонот 19,19.
Настапувала како солист, како дел од различни камерни состави, како дел од Факултетскиот
хор, а земала учество и на манифестацијата Денови на македонската музика. Учествува на
семинарот со проф. Наталија Томиќ од Р. Србија, а во текот на целото музичко образование
остварува плодна соработка со еминентниот пијанист и универзитетски професор Стела
Слејанска, од која ги усвојува тајните на француската проучена и призната “Корто” школа,
директно пренесена од Парискиот “Екол Нормал”.
Освојува втора награда на Државниот натпревар на ученици и студенти по музика (Скопје 2004
год), трета награда на натпреварот по солфеж (Битола 2005 год), прва награда на
Меѓународниот пијанистички натпревар (Гевгелија 2011 год), прва награда на Меѓународниот
пијанистички натпревар (Гевгелија 2012 год).