Теодора Фазекаш
Дипломец на Факултетот за Музичка Уметност при универзитетот “Св.Кирил и
Методиј” во Скопје.
Своето музичко образование го започнува на 5 годишна возраст во ДМБУЦ "
Илија Николовски-Луј"  во Скопје,  во класата на проф. Лепа Мрмевска и класата
на проф. Глигор Гелебешев.
Факултетот за музичка уметност во Скопје го завршува во класата на проф.
Катерина Костадиновска-Гелебешева.
Во текот на школувањето станува ученик на специјалната класа на најнадарени
ученици во Македонија.
На државните натпревари покрај пијанистички освојува и специјална награда за
камерна музика.
Поважни награди:
2002 год. Специјална награда за француска музика на Меѓународниот натпревар
"Музиката и Земјата" – дуо пијана Софија-Р.Бугарија

2000 год. II-ра награда на Интернационалниот конкурс " Франческа Геминиани"
Пијетра Лигуре-Р.Италија
1998 год. II-ра награда на III Интернационален конкурс по пијано " Николај
Рубинштајн" Париз-Р.Франција
Посетувала бројни семинари на проф. Јокут Михајловиќ , проф. Жени Захариева и
проф. Нина Макарова.
Има голем број на соло настапи и настапи со камерни оркестри .
Учествувала на фестивалите Скопско и Охридско лето.