Јоана Ристеска, родена на 10.06.1994 година во Скопје.
Дипломец на Факултетот за Музичка Уметност при универзитетот “Св.Кирил и
Методиј” во Скопје.
Од 2013 година е студент на Факултетот За Музичка Уметност при универзитетот
“Св. Кирил и Методиј” во Скопје, каде што продолжува на вокално-
инструменталниот oддел во класата на проф. М-р Тања Јанкова, студиска
програма музичар изведувач и педагог по класична гитара.
Студиите ги завршува во класата на проф. М-р Дарко Багески.
Учествува на меѓународни и државни натпревари и концерти и освојува награди и
како соло, но и со камерени состави на: “Naissus Guitar Festval Serbia”, “Tremolo
International Guitar Fest Skopje” , “Државните Натпревари за млади музичари” и
Државните Натпревари на ученици и студенти-“Музички и Балетски Педагози”.
Најзначајните настапи се на Musica Viva-студентски концерти на ФМУ, концерти на
Факултетот за Драмски Уметности во Скопје, концерт за филмаска музика, два
хуманитарни концерта, настап на концертот “Жена-Творец”, настап во
Младинскиот Културен Центар Скопје како дел од составот “ДВЕ”, со изведба на
авторско дело за електрична гитара и тромбон и импровизациски концерт со
повеќе од дваесет музичари на сцена.
Настапува и со различни камерни состави: дуо гитара и пијано, виола и гитара,
флејта и гитара, гитарски оркестар, гитарски квартет.

Учесник е и на семинари со повеќе професори, меѓу кои: Нејц Кухар (Словенија),
Антонио Фрушела (Италија), Зоран Аниќ (Србија), Ана Маринковиќ (Србија),
Џевдет Сахатчија (Хрватска\Косово), Андреас Грун (Германија), Срѓан Тошиќ
(Србија) и Стела Митева-Динкова (Бугарија).