„Пијанофорте“ со своите натпреварувачи беше дел од меѓународниот натпревар УЛЈУС во Смедерево од 2 до 9 мај 2020 год.
Од страна на вкупно пет натпреварувачи беа освоени четири први места и една високорангирана втора награда во категоријата Пијано на меѓународниот натпревар УЛЈУС во Смедерево, Србија.
Пет ученици од „Пијанофорте“ имаа незаборавно искуство на оваа манифестација, заедно со ученици од многу други земји. Успехот оваа година е уште позначаен од причина што на натпреварите учествуваа ученици од целиот свет меѓу кои од: Кина, Русија, Израел, Шпанија, Португалија и Италија.
„Нашите интернет-часови станаа ʾвидеоигриʽ со вистински резултат. А резултатот од нашите видеонатпревари е“:
‒ Ана Манчева ‒ 1. место на меѓународниот натпревар УЛЈУС во Смедерево, Србија;
‒ Гала Нановска ‒ 1. место во Прва категорија ‒ Пијано на меѓународниот натпревар УЛЈУС во Смедерево, Србија;
‒ Јован Цветиновски ‒ 1. место во Прва категорија ‒ Пијано на меѓународниот натпревар УЛЈУС во Смедерево, Србија;
‒ Андреа Саздова ‒ 1. место во Втора категорија ‒ Пијано на меѓународниот натпревар УЛЈУС во Смедерево, Србија;
‒ Горазд Војнески ‒ 2. место во Втора категорија ‒ Пијано на меѓународниот натпревар УЛЈУС во Смедерево, Србија;