Во Македонската опера и балет на ден 22.12.2019 во салата „Империјал“ се одржа традиционалниот новогодишен концерт на Музичкото училиште „Пијанофорте“.
„На учениците им го честитаме постигнатиот успех и ви благодариме за спектакуларната глетка од која ги проследивме сите ваши достигнувања додека ги изведувавте прекрасните и игриви мелодии на познатите светски композитори.

Навистина прекрасен и забавен начин да се заврши полугодието. Тимот на „Пијанофорте“ ви благодари за довербата!“