Неспорен е фактот дека активното занимавање со музика е еден од најуспешните начини за сестран развој кај децата. Ние во „Пијанофорте“ поаѓаме од овој стабилен податок и затоа решивме и на децата и на родителите да им помогнеме со организирање на летни онлајн индивидуални часови и активности.

Што сакаме да постигнеме? Сакаме да поттикнеме дисциплина кај идните креатори на нашето општество. Сакаме летното безделничење да го преточиме во креативност која има краен производ. А крајниот производ ќе биде задоволство за сите, зашто тука зборуваме за музика. Сакаме да помогнеме во одржување на висок морал кај децата, бидејќи статистиките покажуваат дека долгите летни одмори (колку и да се освежувачки на почетокот) преминуваат во мрзливост која е последица од денови минати без цел. Ќе го искористиме високото познавање на дигиталната технологијата со чие посредство ќе ги примениме многубројните ефикасни алатки за учење и ќе ви помогнеме да го зголемите вашиот креативен потенцијал и талент.  

„Пијанофорте“ сака да учествува во развојот на младите генерации, па затоа ова лето ја даваме таа можност на секој кој претпочита активен одмор и сака да „биде зафатен“ изучувајќи ги вештините за свирење музички инструмент и да се чувствуваат продуктивно, ‒ да нè исконтактира.