Приватното музичко училиште ,,Пијанофорте” се приспособи кон препораките на Владата и продолжува со својата образовна програма преку онлајн-едукација. Наша цел и во овие кризни моменти останува да го збогатиме времето на нашите ученици со тоа што ќе ја одржиме постојаната врска на едукацијата и практиката со помош на технологијата и ќе им овозможиме на нашите ученици да продолжат да ја следат наставната програма предвидена од професорите и од експертите на училиштето „Пијанофорте“.